Трет случај во светот, прв во Германија: Умрел после второто заразување со корона

Во Германија е забележан првиот смртен случај по втората инфекција со коронавирус, што е прв случај од ваков вид во таа земја, а трет во светот.
Починатиот по прв пат се заразил со корона во април минатата година, а по втор пат во декември.

Не ја преживеал втората инфекција
Починатиот човек живеел во областа Фројденштат, објавија здравствените власти на Штутгарт.
„Пациентот почина од ковид 19, пневмонија и сепса, со повеќе откажувања на органи“, велат властите.
Станува збор за маж на возраст од 73. години, кој, по првата инфекција, очигледно не стекнал силен имунитет.
Германските власти посочуваат дека досега имало мали шанси некој два пати да се зарази со коронавирус, но дека има изолирани случаи во кои пациентите не произвеле доволно антитела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО – Има 16. деца: „Сопругот ме убеди, јас во почетокот воопшто не сакав деца!“

Вкупно била бремена 23. пати, но некои бремености завршиле со спонтан абортус. Кога почнале да …