Сакате да доживеете сто години? Проучете ги советите на најстарите луѓе на светот!

Службените студии тврдат дека за долг живот е потребно да се одржат пријателства, да се одржи позитивен став, да не се биде премногу под стрес и да се има чудесни гени.
Mental Floss издвоил неколку совети од најстарите луѓе во светот за кои веруваат дека им помогнале да ја доживеат стотата.

Користете многу маслиново масло
Жан Калмент починала на 4. август 1997. година на возраст од 122. години и 164 дена. Официјално, таа е личност која живеела најдолго. Калмент пушела по две цигари на ден скоро 100 години. Оваа навика била толку силна што престанала дури на 117. кога ослепела и не можела сама да запали цигара.
Таа изјавила дека долгиот живот го должи на пиење вино на дневна основа, јадење чоколадо секоја недела и добар хумор. Но, најважно било консумирањето на екстра девствено маслиново масло, кое го додаваше на сè, освен на млекото, а со него ја негувала и својата кожа.

Гледај си ја својата работа
Пензионираната наставничка во Бесе Бери Купер-Браун, живеела до 116. Починала во 2012. година и, наводно, избегнувала брза храна и сметала дека за долговечнопст е најважно да си ги гледа своите работи.

Јадете сланина
Сузана Мушат Џонс била најстарата жителка на Њујорк до 2016 година кога починала на 116. години. Никогаш не пушела, не пиела алкохол, не се шминкала и не ја фарбала косата, но јадела четири ленти сланина секое утро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЕВЕРОЈАТНО дејство на јодот: Го засилува ефектот од вакцината и го јакне имунитетот

Јодот е практично незаменлив како антибактериско и антивирусно средство Заштитата што вакцината ќе ја обезбеди …