(ФОТО) ДА ТИ Е ЖАЛ ДА ГО ГЛЕДАШ: Првите фотки од Бен Афлек по прекинувањето со Ана де Армас се навистина тажни

Ден по веста за раскинувањето на Бен Афлек и Ана де Армас, фотографиите на холивудскиот актер предизвикаа дополнителна загриженост кај обожавателите.
Само еден ден откако одекна веста дека најзаљубената холивудска двојка раскинала, папараци – фотографии од Бен Афлек (48) го обиколија светот, што сугерира дека тој не го поднел толку добро.

Афлек бил фотографиран пред портата додека ја преземал вообичаената нарачка на ледено кафе, а неговите обожаватели можеле да заклучат само дека изгледа уморно, слабо, ненаспиено. Тука гледаат многу причини за грижа, бидејќи многу се зборуваше за тоа дека убавата Ана Де Армас (32) му помогнала да се ослободи од зависноста.

По скоро една година врска, за време на која ги исполнија медиумите со фотографии од романтични прошетки и бакнежи што ги разменуваа на улица, извори блиски до парот објавија дека е одлучено секој да оди по својот пат. Наводно, раскинувањето било консензуално бидејќи станало „комплицирано“, иако се повеќе се чини дека токму Ана излетала од животот на Бен.
Вчера и „картонската Ана“ во природна големина излета од неговата резиденција.

Фото:Тwitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …