(ФОТО) Трагично заминување на момчето кое ветуваше

Хари Брант бил опсесија на кремот на њујоршкото општество, трендсетер и инфлуенсер кој соработувал со најголемите – а потоа на 24-годишна возраст ја изгуби борбата со својата зависност.
Причината за смртта на младиот човек е случајно предозирање на лекови коиг и добил на рецепт, се вели во соопштението од неговото семејство.
Брант, кој ја носеше титулата „Тоа момче“, наводно со години се борел со зависност и бил уапсен во 2016. година за нелегално поседување наркотици.
Овој необичен млад човек е син на сопственикот на списанието Interview, Питер Брант и манекенката Стефани Сејмур.

Хари Брант и неговиот постар брат Питер Брант Втори (27) беа принцови на њујоршкото општество родени во горниот ешалон на уметничката и модната сцена во овој град. Тие присуствуваа на престижната манифестација „Мет Гала“ пред да можат легално да купуваат цигари и честопати им даваа на медиумите ексклузивни информации за скандали на забавите во високото општество.
Медиумите беа фасцинирани од овие убави, привилегирани тинејџери кои очигледно немаа сопирачки – тие зборувале што прават и правеле што сакаат.

Хари знаел дека неговиот добар изглед и презиме ќе му значат многу во животот – но дека мора да работи за да ги заинтересира луѓето.
„Мислам дека треба повеќе да се докажам отколку дека потекнувам, на пример, од град среде Охајо“, рекол тој во 2012. година.
Сосема неочекувано, неговото воспитување во гламурозен свет му всадило длабока опсесија со модата и убавината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …