(ФОТО) Мајкл Даглас го запознал најмладиот внук па објавил заедничка фотографија

Мајкл Даглас се пофалил дека уште еднаш, минатиот месец, стана „горд дедо“.
Славниот 76-годишник го прослави фактот дека неговиот син Камерон Даглас го пречека својот син Рајдер, а сега овој оскаровец доби уште една причина за славење – го запозна својот најмлад внук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Тој на Инстаграм се пофали и со нивната прва заедничка фотографија, а многумина беа воодушевени од неговата подготвеност да учествува во грижата за неговите внуци.
Рајдер е второ внуче на Даглас – неговото прво е постарата сестра на Рајдер, 3-годишната Луа.
Даглас е исто така татко на три деца. Заедно со 42-годишниот Камерон, кој беше единствено дете од првиот брак на Даглас со Диандра Лукер, sвездите на Волстрит и Кетрин Зета-Џонс имаат 20-годишен син Дилан (20) и 17-годишна ќерка Керис, пишува Today.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …