Прогноза: Како ќе изгледа Ковид – 19 во иднината?

Ново истражување на американски научници предвидува дека САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид 19, со текот на времето ќе стане помалку заразен и дека ќе се појавува сезонски, заедно со други патогени од семејството на коронавируси кои предизвикуваат лесна настинка. Сепак, прашањето е кога тоа ќе се случи.
Ова ќе се случи само кога САРС-КоВ-2 ќе стане ендемичен вирус, односно кога веќе нема да предизвикува масовни инфекции или сериозни болести, велат научниците од Државниот универзитет Penn State и Emory.
Нивната студија е објавена во списанието „ Science.“.
„Кога вирусот ќе достигне ваква ендемска состојба зависи од брзината на неговото ширење и од брзината на вакцинирање“, изјави за Њујорк Тајмс, водечката авторка на студијата Џени Лавин од Емори.


„Значи, потребно е што побрзо да се изложат сите на вакцината“, истакнала Лавин.
Нивното истражување се заснова на шест човечки коронавируси, од кои четири редовно се шират меѓу луѓето и предизвикуваат само благи симптоми. Другите два, тежок акутен респираторен синдром (САРС) и респираторен синдром на Блискиот исток (МЕРС), се појавија во последно време и резултираат со висока смртност, но имаат слична генетика како коронавирусот што предизвикува ковид.
Научниците сè уште проучуваат колку долго траат антителата и другите имунолошки клетки по лежењето. Досегашните откритија сугерираат дека имунитетот што ја блокира инфекцијата е релативно краток, но затоа имунитетот кој ги ублажува симптомите е долготраен.

loading...


Ова значи дека некое лице може да биде заразено со коронавирус неколку пати, но секој пат не би било толку сериозно како првиот, што е слично на влијанието на обичните настинки врз телото.
Кога повеќето луѓе ќе добијат заштита од ковида, или преку природна инфекција или вакцинација, само малите деца ќе бидат изложени на коронавирус, а нивните болести се лесни.
Но, без масовна вакцинација, ќе бидат потребни години со многу смртни случаи, велат научниците.
Дури и во случај на појава на нови видови на вирус, како што е оној што штотуку се шири во Велика Британија, научниците тврдат дека имунитетот стекнат од претходните соеви „е доволно силен за да спречи сериозна болест“. Исто како што е случај со четирите коронавируси кои предизвикуваат настинки во кои имунитетот се зајакнува со секоја нова болест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „МАЖ МИ ЕДВАЈ ЈА ПРЕЖИВЕА КОРОНАТА, ОРГАНИТЕ МУ СЕ УНИШТИЈА“: Водителка открила дека има дијабетес и дупки во срцето – БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

Сопругот на водителката на утринската програма едвај ја преживеал короната, а лекарите му предвиделе дека …