Јануари ни донесе вистински зимски температури, но прогнозите навестуваат мало затоплување…
Денес утрото ќе биде ведро и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утре се очекува променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. На планините во западните делови ќе има услови за повремен снег.
За петок се најавува променливо облачно, во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Во сабота, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
За недела се најавува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините попладне од снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 12°C
Според најавите од УХМР температурите полека се зголемуваат па не очекуваат пријатни и „потопли“ денови.

Какво време не очекува до крајот на седмицата?
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕