Денес е Свети Јован Крстител: Слават-Јован, Јована, Јана, Јоана…За многу години!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител.

Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата.

На домаќинот му се пее песната:
Домаќине Стамјанине,
дали пиеш или спиеш,
ако пиеш весели се,
ако спиеш разбуди се….

Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму.
Меѓу евангелските личности околу Спасителот, личноста на свети Јован Крстител зазема особено место и заради начинот на доаѓањето во светот и заради улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата – најпосле и заради трагичното заминување од овој живот. Тој се одликувал со толкава морална чистота што навистина може попрво да биде нарекуван ангел, одошто смртен човек. Меѓу сите пророци, свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на свети Јован се раскажува дека секоја година, на денот на светителот, архиерејот ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

Светиот маченик Атанасиј
Овој Христов маченик беше прост и сиромашен човек, но богат со вера и мудар во Божјиот Дух. Еднаш, не сакајќи, стапи во препирка за верата со некој Турчин. Турчинот беше школуван и вешт на збор, но Атанасиј се трудеше со сите сили да ја истакне и утврди вистинитоста и предноста на христијанската вера пред мухамеданската. После се разделија. Следниот ден Атанасиј го повикаа на суд. Оној Турчин стоеше пред него како обвинител. Кога судијата го повика Атанасиј да се одрече од Христовата вера и да се потурчи, како што божем и му изјавил на својот сопатник ден порано, Атанасиј извика: „Попрво ќе примам илјада смрти одошто да се одречам од Христовата вера!“ За ова беше осуден на смрт и обезглавен во 1700 година во Смирна. Телото му е погребано во црквата Света Параскева, во истиот град.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОВТОРНО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Епицентарот близу Дубровик – се тресело тлото и во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е забележан синоќа, на границата на БИХ …