(ВИДЕО) Како Новак терасата ја претворил во „теретана“?

Новак Ѓоковиќ беше принуден да работи во специфични услови во Аделаида во пресрет на Австралија опен, што било и овековечено.
Тенисерите кои летаа со авиони во кои немаше случаи на корона, имаат пет часа тренинг на теренот и во салата, а во своето сместување треба да поминат 19. часа.
Новак ја имаше таа среќа да се најде во група тенисери со скапоцени пет часа надвор од „затворот“, но и да тренира во собата, искористувајќи го максимумот од терасата.
Медиумите во Австралија редовно ги „демнат“ Новак, Рафа, Тим и други елитни тенисери, па тренинзите беа снимени на балконот.
Новак работеше со тегови додека се протегаше, со помош на тренер за фитнес.
Секако, соседите многу добро знаат дека имаат ВИП друштво, па минувачите честопати „дофрлаат“ или имаат можност да го поздрават Ѓоковиќ.

Foto: twitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) ММА – Легендарниот Бразилец бурно ја прославил победата па дознал дека борбата не е готова

НЕВЕРОЈАТНА ситуација му се случила на славниот бразилски ММА борец Зулузињо на приредна на руска …