Четири ПРИРОДНИ состојки кои ја намалуваат видливоста на ИРИТАНТНИТЕ СТРИИ

За жал, повеќето жени не можат да избегнат стрии, поради различни животни околности, и тие најчесто се појавуваат на стомакот, колковите, градите и задникот, на различна возраст.
Без оглед во каква состојба се, важно е да знаете како можат да се ублажат, или со козметички производи или со природни состојки, кои веројатно веќе ги имате дома. Дали знаете кои се тие?

Компири
Одамна е познато дека компирот може да избелува разни дамки на кожата, а докажано е дека помага во ублажување на стриите. Исечете еден поголем на подебели парчиња, а потоа истријте ги стриите. Оставете сокот да се исуши во критичните области, а потоа исплакнете го.

Маслиново масло
Покрај тоа што е добро за вашето здравје, маслиновото масло е голем сојузник за многу жени многу години, без разлика дали станува збор за кожа или коса. Но, благодарение на антиоксидансите, маслиновото масло може да го намали и појавувањето на стрии. Вмасирајте го топло, а потоа оставете го на кожата половина час и исплакнете.

Шеќер
Веќе знаете како шеќерот ги отстранува мртвите клетки од кожата, но може да ви помогне во борбата против стриите. Измешајте го со сок од лимон или маслиново масло, а потоа масирајте ги стриите со мешавината секој ден по 10 минути.

Алое вера
Алое вера се нарекува волшебно растение, кое се користи за разни цели за убавина и здравје. Докажано е дека неговиот гел ја обновува кожата, а со редовна употреба, алоето ќе ги избледи стриите кои постепено ќе исчезнат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Неоткриен рај во Грција – остров на тајни

Грција има повеќе од 3.000 острови, па затоа е идеален за оние кои бараат недопрена …