(ФОТО) Австралија Опен пред нов удар: Заразени уште двајца тенисери

Забележан е првиот сериозен напад на коронавирусот на Австралија опен, заразени се двајца играчи, потврдија организаторите.
Потврдено е дека два случаи се тенисери или тенисерки, без да се дадат имиња. Ова го објавија државните здравствени власти на Австралија, а сега вкупниот број на заразени, во бранот од 1.000 луѓе кои дојдоа на чартери поради Австралија опен, е седум.

Вклучени се тенисери, тренери и друг помошен персонал, се наведува дека последните три случаи се изолирани и дека едно лице е жена на дваесеттина години, а еден маж е на триесет години.
Инаку, сите играчи мора да бидат во карантин 14 дена, а случаи на вирус се пријавени на три летови.

Играчите веќе се жалат, па Дамир Џумхур рекол дека храната е ужасна, Јулија Путинцева се пожалила на глувците во собата, а Новак Ѓоковиќ се залагаше за тенисери на кои им беше забрането да тренираат затоа што биле во авион каде имало случаи на инфекција.

Фото: Instagram/Twitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

СРЦЕТО НА ИЗДРЖАЛО – Починал Алфредо Кинтана

Порто потврдил дека познатиот голман Алфредо Квинтана починал. Португалскиот голман Алфредо Квинтана претрпел срцев удар …