(ВИДЕО) Порака за збогување на Меланија Трамп: „Мислам на сите луѓе кои останаа во моето срце, на нивните неверојатни приказни за љубовта, патриотизмот и одлучноста“

Првата дама на САД Меланија Трамп објави проштална порака додека се подготвува да ја напушти Белата куќа.
Меѓу другото, таа рекла дека „насилството никогаш не е решение“, а во шестминутната видео порака, првата дама им оддаде почит на семејствата на војниците и здравствените работници кои се соочуваат со пандемијата на коронавирус.

„Последните четири години беа незаборавни. Во моментот кога на Доналд и мојот престој во Белата куќа му истекува крајот, мислам на сите луѓе кои останаа во моето срце, на нивните неверојатни приказни за љубовта, патриотизмот и одлучноста“, рекла Меланија Трамп.
Доналд и Меланија Трамп не ги поканија Џо Бајден и неговата сопруга Џил на традиционалната посета на Белата куќа и нема да присуствуваат на инаугурацијата на новиот шеф на државата.

Фото: Принтскрин/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во …