Студија за здравје на срцето покажала: Колку повеќе вежбате толку подобро!

ВИСОКО ниво на физичка активност не е штетно кога станува збор за здравјето на срцето и спречување на кардиоваскуларни болести, велат научниците оваа недела во студијата која го разоткри митот дека премногу вежбање не може секогаш да биде од корист.
Студија објавена, минатата недела, во стручното списание „ПЛОС Медицина“ открива дека „секој чекор е важен“ за подобрување на кардиоваскуларното здравје, велат научниците и дека луѓето кои вежбаат најмногу имаат најмал ризик од срцеви заболувања.
Кардиоваскуларните болести се водечка глобална причина за смрт, убивајќи скоро 18. милиони луѓе ширум светот секоја година, според Светската здравствена организација (СЗО).
Студијата вклучува повеќе од 90.000 луѓе без претходни срцеви заболувања кои се согласиле да носат акцелерометар за мерење на физичката активност седум дена во неделата и ги следеле во период од пет години


Поголемите нивоа на физичка активност со умерен и висок интензитет го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, заклучи студијата.
„Ова го разоткрива митот дека постои кулминација, по што повеќе не треба да вежбате“, рекол Рема Рамакришнан, биостатичар и епидемиолог од Универзитетот во Оксфорд, кој бил ко-предводник на студијата. „Нема ограничување за тоа што можете да направите во однос на физичката активност (за подобрување на здравјето на срцето).
Ајден Доерти, професор од Оксфорд, кој работел со Рамакришнан, рекол дека резултатите од студијата силно го поддржуваат советот на СЗО дека луѓето треба да се трудат да имаат најмалку 150 до 300 минути неделно умерено до енергично аеробно вежбање.


„Ова е најголемо истражување за физичката активност досега мерено со апарати и срцеви заболувања“, рекол тој. Тоа покажува дека „физичката активност е веројатно уште поважна … отколку што претходно мислевме“.
Истражувачите велат дека резултатите биле слични и кај мажите и кај жените.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Рецепт) Мед и ореви во служба на јакнење на имунитетот

Познато е дека медот придонесува за подобро здравје, и ако во тегла со оваа моќна …