(Рецепт) ХРАНА НА ЈУНАЦИТЕ – ГО ЈАДЕЛЕ ГЛАДИЈАТОРИТЕ, КЛЕОПАТРА ПРАВЕЛА ПУДРА, а лекарите тврдат дека го намалува ризикот од КАНЦЕР за 50. проценти

Добро познатиот руски лекар Александар Мјасников открил дека омилената храна на Македонците,гравот, но и боранијата – го намалуваат ризикот од карцином за дури 50. проценти
Омилената храна на Македонците е моќно оружје во борбата против ракот, тврдат руски лекари. Добро познатиот лекар Александар Мјасников открил: гравот и боранијата го намалуваат ризикот од рак за дури 50 проценти.
Луѓето научија да одгледуваат грав пред 7.000 години и оттогаш ова растение им служело на многу народи како храна и лекови. Во антички Рим, гладијаторите јаделе грав наместо месо за да ја одржат најдобрата состојба: Римјаните биле свесни дека гравот, за разлика од свинското или јагнешкото месо, не е тежок, туку е храна богата со енергија.


Жените од сув грав правеле пудра за лице
Жените исто така го сакаа ова растение и го користеа и за гастрономија и за козметика. Познато е дека во Антички Египет и Римската империја правеле прашок од сув грав за убавините од тоа време – меѓу другите и за Клеопатра.
„Гравот ги храни хероите“ – се вели, а руските лекари потврдуваат дека ова е жива вистина. Александар Мијасников, еден од најпознатите лекари во Русија, го смета гравот за една од највредните намирници во светот. Според Мјасников, едно лице може да го јаде само тој зеленчук со години, бидејќи тој обезбедува скоро сè што е потребно за организмот.

Гравот и боранијата се херои во храната
Гравот и боранијата содржат рекордна количина протеини и затоа можат да бидат соодветна замена за месото. Влакната во составот на овој зеленчук го подобруваат варењето и спречуваат формирање на тумори.
Д-р Мјасников тврди: бидејќи гравот е исклучително богат со растителни влакна, тој може да го намали ризикот од карцином за дури 50%. Тоа е првенствено рак на дебелото црево, но истражувањата покажаа дека овој зеленчук ефикасно спречува и рак на дојка, јајници, матка, грло и други видови на рак. Шарениот, црниот и црвениот грав имаат поголемо антиканцерогено и антимутагено дејство од белиот.

Против отоци на нозете
Исецкајте 10 гр мешунки од грав и истурете чаша врела вода. Варете 5 минути, а потоа оставете да стои 15 минути. Пијте една третина од чаша чај 3 пати на ден.

Гравот спречува рак на дебело црево и рак на дојка.
Рускиот лекар особено ги потенцира лековитите својства на боранијата: според содржината на антиоксиданти, флавоноиди, протеини и корисни полинезаситени масти, ги надминува црвеното вино, темното чоколадо и зелениот чај. Боранијата, како и гравот во зрно, имаат изразен кардиопротективен ефект. Значително го намалува ризикот од срцев и мозочен удар – особено кај пушачите.

Против мастопатија
Направете свеж цеден сок од грав и измешајте со сок од морков во сооднос 1:1. Пијте 300 мл сок во текот на денот.
Гравот и боранијата го намалуваат нивото на шеќер во крвта и затоа спречуваат дијабетес и помагаат во лекување на оваа болест. Мешунките од грав содржат аргинин, кој има сличен ефект како хормонот инсулин.Научниците откриле и антибактериски својства на овој зеленчук: тој ефикасно се бори против стафилококи, салмонела и други опасни болести.

Водата во која се варел гравот е исто така лековита, но важно е како се подготвува.
Не само гравот има лековито дејство, туку и водата во која се готви, но начинот на кој се подготвува овој зеленчук е многу важен.

Оставете го да кисне во вода
Гравот содржи неколку антиканцерогени состојки, вклучително и лектини кои ефикасно се борат против малигните клетки. Лековитите својства на лектините исчезнуваат ако гравот се готви на температура поголема од 65 степени. Затоа лекарите препорачуваат прво да го ставите измиеното гравче во ладна вода да отстои 8 часа; потоа гответе го на 50-60 степени. И не јадете,случајно, суров или сув грав, бидејќи на тој начин може да се затруете.


Што спречува и лечи гравот:
-канцер
-дијабетес
-срцеви заболувања
-инфекции
-миома
-болести на уринарниот тракт
-болест на бубрезите
-заболување на црниот дроб
-туберкулоза
-анемија
-неплодност
-импотенција
-бронхитис
-хипертриоза
-остеопороза
-егзема и кожни болести
-мастопатија
-синуситис
-стрес и депресија
-несоница
Против дијабетес
Полијте 50 гр мешунки од грав со половина литар вода и варете 5 минути. Оставете да отстои 2 часа. Пијте половина чаша чај 3 пати на ден.
Напомена: Пред користење на народен лек пожелно е претходно да се консултирате со вшиот матичен лекар.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Оваа совршена тестенина со сирење и домати е хит на ТикТок – ви донесуваме рецепт!

ПАСТАТА со фета сирење и шери домати стана вистински хит на „ТикТок“, а „Екран“ рецептите …