(ВИДЕО) МАЕСТРАЛНО! Инструментална верзија на старата „Јано мори севдалино“ која буди силни емоции

За него велат дека е човек кој живее од и за музиката, а неговите дела само го потврдуваат тоа.

Во новата година, еден од нашите најдобри и најценети саксофонисти и музичари, Јане Рафаиловски, влегува со проект, кој повторно ги растрепери срцата на сите љубители на она што се нарекува македонска музика. Имено, Рафаиловски, инспириран од прекрасната хармонија што ја има во песната, создаде инструментална верзија на една од нашите најубави народни песни  „Јано мори севдалино“.

– Освен што песната е вистинска инспирација, но и предизвик за еден музичар, самата хармонија во неа, се совпаѓа и со материјалот кој го подготвувам за целиот мој албум. Имам доста планови оваа година. Короната можеби успеа да ја успори нашата работа, но желбата за творење и негување на она што се нарекува македонска музика и традиција, отсекогаш ќе тлее во нас, вели Рафаиловски.

Аранжманот за овој проект го работеше Дамир Имери, додека видеото, каде како главна улога се појавува Еми Андонова, е изработка на Даниел Јовески. Снимено е на повеќе локации во Скопје и Охрид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во …