(ФОТО) СТРАШНО – Позната глумица покажала снимка од белите дробови и срцето после прележувањето на корона

Глумица јавно проговорила за последиците од короната
Алиша Милано веќе подолго време се бори со свирепиот вирус, што оставил видливи последици по нејзиното тело.
Актерката на својот Твитер профил објави видео од белите дробови и срцето, како изгледаат пред и по короната.

„Фотографиите лево покажуваат здрави бели дробови и срце. Фотографијата десно покажува што се случува со крвните садови како резултат на ковид-19. Едноставно кажано, има разгранување на крвните садови, што го попречува протокот на кислород во телото“, напишала Алиша Милано во описот на фотографиите што ги објавила, а потоа додала фотографија како изгледаат здрави бели дробови, како и оние што прележале и умираат од корона.

„Лево се здрави бели дробови. Можете да видите шарени крвни садови. На средина е фотографија од моите бели дробови. Има помалку крвни садови отколку пред ковидот. Не знаеме дали тие некогаш ќе се вратат во својата состојба пред ковидот. Десно е прикажана слика на белите дробови на лице кое починало од ковид“, напишала таа.

Фото: YouTube printscreen /abc news
Фото: Twitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ги лекувала Анџелина Џолии Шерил Кроу и советувала: „Ова е суперхрана во борбата против ракот!“

Минатиот месец беше месец за подигање на свеста за ракот на дојката, па заедницата Forks …