(ФОТО) РАБОТАТА Е ВО АКЦИЈАТА: Запознајте ја Сара Блејкли – најмладата милионерка која сама го створила своето богатство!

Сара Блејкели е креаторка на корсети што ги носат сите холивудски sвезди, а во 2012 година блесна на насловната страница на магазинот „Форбс“ како најмладиот милионер кој сам го создал своето богатство.

Не се одвиваше глатко
„Пред две децении бев само девојка со едноставна, бесмислена работа и луда идеја. Немав многу пари, искуство или знаење за индустријата. Но, решив да влезам во сето тоа “, вели Блејкли.
Всушност, Блејки го основала „Спанкс“ во 1998. година, со заштеда од само 5000 УСД од продажба на факс машини од врата до врата. Без искуство во дизајнот, бизнисот или производството, Блејкли на крајот го изградила „Спанкс“ во марка вредна милијарда долари.

 

Отпрвин, сите и ја затворале вратата пред нејзиниот нос, ги кинеле визит картите,а таа се борела да добие средства.

И навистина морала да „се потруди“ да го донесе Спанкс на полиците на првиот голем трговец, компанијата Ниман Маркус. По повеќекратни обиди да го продаде својот производ, Блејкли за време на состанокот побарала претставничка на компанијата за да и покаже како Спанк работи всушност.
„За време на состанокот со претставникот на Неиман Маркус, можев да видам дека нема ништо од работата и знаев дека имам само уште една шанса, затоа ја замолив да дојде со мене во тоалетот. Таа беше малку изненадена од прашањето, но и објаснив дека само така можам да и покажам што прави Спанкс“, рекла сегашната милијардерка.
„Се преслече во посебна кабина, облече Спанк и и ја покажав разликата. Таа ме погледна и ми рече: Сфаќам, одлично е! И тогаш сè се смени“, вели Блејкли.

Покрај чорапите што го обликуваат телото, има и корсети, костуми за капење, хеланки, долна облека… Според списанието Форбс, богатството на Сара Блејкли се проценува на 610 милиони долари.

Фото: Тwitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

А1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

Од денес А1 Македонија продолжува со едукативни предавања за четвртоодделенците низ земјата, за безбедно користење …