„Сончевата диета“ се заснова на истражување кое покажало дека губењето вишок килограми го намалува ризикот од рак.
Вишокот на маснотии во телото, особено околу стомакот, е директно поврзан со 13 различни видови на рак, вклучувајќи рак на дојка во менопауза и рак на дебело црево. Масните клетки, меѓу другото, произведуваат многу дополнителни хормони и фактори на раст кои патуваат низ крвта и ги активираат клетките во другите делови на телото да се поделат брзо, зголемувајќи го ризикот од рак.
Добрата вест е дека дури и релативно скромното слабеење може да направи голема разлика и да го намали ризикот.
View this post on Instagram
Во една неодамнешна студија, истражувачите од Американското здружение за рак следеле 180.885 жени на возраст од 50. години или повеќе години. Откриле дека жените со прекумерна тежина кои изгубиле помеѓу 2 и 4,5 килограми го намалиле ризикот од рак на дојка за 13 проценти во споредба со оние кои останале на иста тежина или се здебелиле. Жените кои успеале да ослабнат 9 или повеќе килограми го намалиле ризикот за 23 проценти, дури и ако подоцна вратиле неколку килограми.
View this post on Instagram
Врската помеѓу ракот на дојка и слабеењето е особено силна затоа што слабеењето брзо ги намалува нивоата на естроген, велат д-р Мајкл Мосели и д-р Клер Бејли, кои ја претставија својата „сончева диета“ во „Дејли меил“, дизајнирана како здрав начин за постигнување идеална тежина и го намалуваат ризикот од рак. Всушност, тоа е програма составена од три диети во низа.
View this post on Instagram
Првата е нивната брза диета за слабеење, која ја нарекоа Fast 800, што подразбира сведување на 800 калории на ден за неколку недели. Тие велат дека е полесно отколку што звучи и го илустрираат со рецепти за едноставни и вкусни нискокалорични јадења како портокал и морков салата, или кремаст кари со портокалов и црвен зеленчук. Студијата направена со Универзитетот во Оксфорд покажала дека просечното слабеење е 9,5 кг за осум недели.
View this post on Instagram
После тоа, се препорачува „наизменичен пост“ (варијанта 5:2), каде што внесувањето се намалува на 800 калории само два дена во неделата, пред конечно да се префрли на здрава медитеранска исхрана.
View this post on Instagram
Се верува дека наизменичното постење го намалува ризикот од рак со подобрување на чувствителноста на инсулин, додека медитеранската диета се базира на храна позната по нивните антиканцерогени својства.
Фото: Instagram