Лара ја запознала сестричката…
Актерката, која популарноста ја стекна играјќи ја славната Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, се породи пред неколку дена и роди здраво девојче.
Мајката и ќерката конечно излегоа од болницата, а на доаѓањето на малата сестра, најмногу се израдувала постарата ќерка на Меријем Узерли, Лара, која веднаш ја земала во нејзините раце.
Овој емотивен момент, славната Хурем решила да го сподели со своите следбеници на Инстаграм, каде покрај сликата на нејзините ќерки ставила емотикон на срце.
Иако не сакаше да го открие името на таткото на нејзината помлада ќерка, Меријам и ја исполни желбата на Лара да има сестра.
Foto: YouTube printscreen /Sulejman veličanstveni
Foto: Printscreen Instagram story/meryemuzerlimeryem