Денес е спомен на Собор на Светите Седумдесет Апостоли: Го проповедаа Евангелието, двајца по двајца, од град во град, од место во место…

Православната црква денеска го одбележува споменот на Соборот на Светите Седумдесет апостоли, Евнухот на царицата Кандакија и Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец.

Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5). Но, како што еден од дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господа, така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, не со намера за предавство туку поради човечка немоќ и маловерие (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол, така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на дванаесетмината во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот. Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносната љубов кон воскреснатиот Господ ги направи победници на светот и наследници на Небесното Царство. Нивните имиња се: Јаков, брат Господов, Марко и Лука евангелистите, Клеопа, Симеон, Варнава, Јосија (Јуст), Тадеј, Ананија, првомаченикот Стефан, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен, Тимотеј, Тит, Филимон, Онисим, Епафрас, Архип, Сила, Силуан, Крискент, Крисп, Епенет, Андроник, Стахиј, Амплиј, Урван (Урбан), Наркис, Апелиј, Аристовул, Родион (Иродион), Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт, Ерма, Патров, Ермиј, Лин, Гај, Филолог, Лукиј, Јасон, Сосипатр, Олимп (Олимпан), Тертиј, Ераст, Кварт, Евод, Онисифор, Климент, Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Карп, Кодрат, Марко, Зина, Аристарх, Пуд, Трофим, Марко, Артема, Акила, Фортунат и Ахаик, Дионисиј Ареопагит и Симеон Нигер.

Преподобниот маченик Онуфриј Габровски, Хиландарец
Роден во 1786 год. во Габрово, Бугарија. Како млад им се налути на родителите и пред Турците изјави дека ќе се потурчи. Веднаш потоа се покаја за тие зборови, отиде во манастирот Хиландар и се замонаши. Го мачеше совеста и се одлучи за мачеништво. Со благослов на неговиот духовник појде на островот Хиос и пред Турците се објави како христијанин, го исмеа Мухамед и за ова го заклаа на 4 јануари 1818 година во триесет и втората година од неговиот живот. Телото на овој духовен витез не е сочувано, зашто Турците го фрлија во морето.

Свети Индих, евнухот на царицата Кандакија
Овој црнец и евнух прими Крштение од Светиот апостол Филип (Дела 8, 26 – 40). По ова се врати дома и почна да Го проповеда Христа. Тој беше првиот апостол меѓу црнците во Етиопија. Заврши маченички и се удостои со Царството Божјо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРЕМНОГУ ПОЧИНАТИ: Денеска се регистрирани 627. нови случаи на Ковид 19 – 47. лицa ја загубија битката со вирусот!

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …