(ВИДЕО) Ќерка ја наговорила мајка си заедно да направат тест за бременост па следел шок!

Корисничка на TikToka, Рајли, споделила видео во кое со нејзината мајка заедно ги дознаваат резултатите од тестовите за бременост, а во меѓувреме собраала над 13. милиони прегледи.


Убедени дека и двата теста ќе бидат негативни, ги подредија пакетите и веднаш потоа мајката на Рајли извикала: „О, Боже мој!“. Верувајќи дека нејзината мајка се шегувала, 24-годишната Рајли започнува да се кикоти, но тогаш избезумената жена додава: „Ќе плачам“.

@rdubbbThat one time I took a pregnancy test with my mom and ended up with a new sibling Lolol

♬ original sound – rylee

Имено, нејзината мајка сосема неочекувано открила дека наскоро ќе го роди своето шесто дете.
Како што рече Рајли во следната објава, менструацијата и доцнеше, била исклучително емотивна, па решила да ја посети нејзината мајка, која сугерирала дека тоа може да биде знак дека е бремена. Таа ја охрабрила да направи тест за бременост и попатно споменала дека и менструацијата и неа и доцни. Убедени дека и двата теста ќе бидат негативни, тие одлучиле да снимат сè и подоцна да наздрават со шише вино. Откако нејзината мајка видела позитивен тест, ја обвини својата ќерка дека ги заменила нивните тестови и направила уште еден. Но, и тој бил позитивен.

@rdubbbthe update you’ve allllll been waiting for

♬ sonido original – m a y i t a

Во меѓувреме, тие дознале дека нивното семејство ќе стане побогато за уште едно момче а од неговото раѓање ги дели нешто повеќе од еден месец.

Фото: TikTok/Screenshot

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во …