ВАКА СЕ САКА СВОЈАТА ЗЕМЈА – БРАВО ЗА ОДБОЈКАРИТЕ: Македонија се пласира на Европското во одбојка ова година, совладана силната Турција

Македонската одбојкарска репрезентација обезбеди уште едно учество на Европско првенство. По победата над Турција од 3:1 во сетови и двете победи над Босна, избраниците на Матијашевиќ собраа доволно бодови за да играат на Европското во септември ова година како најдобри второпласирани од кфалификациските групи.
Во победата над Турција блескаа Александар Љафтов и Никола Ѓоргиев кои беа и најефискасните на теренот. Одлично одиграа и останатите членови на македонската фаланга.
Во 2019 година во Словенија, Македонија дебитираше на Европско и оствари две победи. Ова е второ во контуинитет учество на едно големо натпреварување и сега го трасира патот за редовно учество на европските одбојкарски натпреварувања.

Извор: drnka.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

СРЦЕТО НА ИЗДРЖАЛО – Починал Алфредо Кинтана

Порто потврдил дека познатиот голман Алфредо Квинтана починал. Португалскиот голман Алфредо Квинтана претрпел срцев удар …