Благодарение на одлична идеја менаџерка на ресторан спасила злоставувано момче

Менаџерка на ресторан во Флорида помогнала во спасувањето на 11. годишно момче од родителите, кои наводно, го злоставувале.
Флевејн Карваљо, менаџер на ресторанот Mrs. Potato во Орландо, повикала на 911 откако забележал модринки на момче кое било во ресторан со своето семејство, откри Карваљо. Полицискиот оддел во Орландо исто така го објавил случајот на својата страница на Фејсбук.

Имено, мајката на момчето Кристен Свон и очувот Тимоти Вилсон Втори ги однеле него и неговата помлада сестра во ресторан на новогодишна вечера. Карваљо се загрижила кога забележала дека родителите не му дозволуваат на синот да ја јаде храната што ја нарачало семејството.
„Кога нарачката пристигна на масата, забележав дека на момчето му е забранета храна. Тоа беше првото нешто што го привлече моето внимание”, рекла Карваљо.
Таа ги прашала родителите на момчето дали има причина момчето да не јаде и дали сè е во ред со храната, а тие одговориле дека момчето ќе вечера дома. Тоа и било прилично чудно. Тогаш забележала голема гребаница на челото на момчето, како и други модринки на неговото тело.
„Почнав да ги гледам и забележав дека момчето е многу тивко и тажно“, се сеќава таа.
Смислила план и зела рачно напишани пораки од зад родителите на момчето. Еден од нив рече „Дали ти треба помош?“. Откако ја видел пораката, момчето го дало знакот „Да“, пренесува Денес.
„Отидов во задниот дел од ресторанот и се јавив на 911“, рекла Карваљо.
Кога полицијата пристигнала, Вилсон бил уапсен за злоупотреба на деца, а подоцна момчето им раскажало на детективите повеќе приказни за злоупотреба, што доведло до второто апсење на Вилсон на 6. јануари. Оттогаш Вилсон бил обвинет за повеќе случаи на сериозно злоставување и занемарување на деца. Сван исто така била уапсена на 6 јануари и обвинета по две точки за занемарување на деца.
Карваљо за WESH изјавила дека таа не е херој на приказната, туку дека тоа е момчето.
„Би сакала да го прегрнам и да му кажам дека сум многу горда на него“, заклучила таа.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мајка за синот изградила мостови до училиште

Грижлива мајка во кинеската провинција Хенан потрошила повеќе од милион јуани или околу 154.000 американски …