ЈАПОНИЈА 1945.: Најтажна фотографија снимена после атомскиот напад на Нагасаки

Една од најтажните фотографии е направена по атомскиот напад на Нагасаки во Јапонија во 1945. година. Според приказната која се крие зад неа, потсетува на „Гробиштата на пожарникарите“, јапонска аниме-драма од 1988. година.
На фотографијата се гледа како едно јапонско момче го носи телото на неговиот помлад брат кој загинал во бомбардирањето. Крематориумот бил неколку стотици километри надвор од градот, и ова момче пешачело со денови за да стигне до таму.
Фотографот Џо О’Донел, кој го овековечил овој момент, во својот дневник напишал:


„Видов момче старо околу десет години. Носеше дете на грб. Во тие денови во Јапонија, честопати гледавме деца како си играат со своите мали браќа и сестри на грб, но ова момче очигледно се разликуваше. И можевме да видиме дека тој дојде на ова место од сериозна причина. Тој дури немаше ниту евли. Неговото лице беше сериозно, но без премногу емоции, а зад грбот се гледаше мала глава… таа беше навалена назад како детето само да спие. Момчето стоеше неподвижно пет или десет минути, па му пријдоа мажи со бели маски и тивко почнаа да го одврзуваат јажето со кое го држеше својот брат. Тогаш видов дека детето е веќе мртво. Момчето стоеше мирно, не мрдајќи, гледајќи го процесот на кремирање. Ја гризна долната усна толку силно што светна крв. Потоа се помоли, погледна во урната за последен пат и без збор се сврте и замина засекогаш“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 25.02.2021: Близнаците најсигурни во семејството, Лавот во дилема, Стрелецот слободно може да се препушти на љубовната инспирација…

Овен Љубов: Емотивните дилеми не треба да се продлабочуваат со погрешни одговори, партнерот очекува да …