(ФОТО) Пријател на одбегнатиот пар: „Срцето на Хари пукна!“

Британскиот принц Хари има скршено срце поради „раскинувањето“ со кралското семејство, но тој и неговата сопруга Меган се задоволни од новиот живот во САД, изјавил водителот Том Бредби во едно интервју, инаку еден од најдобрите пријатели на славната двојка.
Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, се преселија во Лос Анџелес со нивниот син Арчи минатата година, откако се повлекоа од сите службени должности на кралското семејство, по несогласувања со другите членови на семејството и среде големо медиумско внимание.
„Мислам дека тој има скршено срце поради ситуацијата со неговото семејство“, рекол Бредби во интервју во емисија на ITV, на водителка на Алан Тигмаш.

„Но, дали тие се несреќни таму? Не, не мислам така, мислам дека тие се всушност многу среќни, но ќе мора да работат напорно за своето место во животот“.
Интервјуата на Бредби со парот за време на нивната африканска турнеја во 2019 година му овозможил увид во растечките тензии во кралското семејство од нивната венчавка во 2018. година и раѓањето на нивниот син, кога расплаканата Меган опишала колку е тешко да се биде нова мајка и да се внимава на тоа цело време во јавноста.

Хари ги признал и несогласувања со неговиот постар брат, принцот Вилијам, кој ќе го наследи тронот по принцот Чарлс.
„Ситуацијата со семејството не е идеална, затоа беше многу тешка година за сите нив“, рекол Бредби.
„Има многу ранети чувства од обете страни и тоа е многу тешко“, додал тој.

Документарецот на Бредби за двојката ја навестуваше нивната одлука да се повлечат од сите официјални кралски должности во 2020. година.
Потоа Хари и Меган ја продолжија својата хуманитарна работа и потпишаа телевизиски и други договори за медиуми, претставувајќи го својот подкаст во декември.

Фото: Instsgram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во …