(ФОТО) Откриена причината за смртта на синот на Родни од тв серијата „Мучки“

Синот на актерот Николас Линдхорст, најпознат по улогата на Родни во познатата серија „Мучки“, Арчи починал во септември минатата година на само 19л години, а неговата мајка Луси сега ги открила причините за смртта.
Арчи бил пронајден мртов во неговиот дом во Фулам. И сега неговата мајка Луси ги сподели информациите дека нејзиниот син починал во сон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Lyndhurst (@lucy_lyndhurst)

Арчи претрпе интрацеребрална хеморагија предизвикана од акутна лимфоцитна леукемија. Оваа состојба е толку ретка што околу 800 луѓе годишно умираат од неа, пишува The Mirror.
Луси рекла дека таа и нејзиниот сопруг, sвездата на „Мучки“, ги дознале болните детали пред Божиќ, по втората обдукција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Lyndhurst (@lucy_lyndhurst)

„Ова не е леукемија како што ја знаеме“, рекла Луси, додавајќи дека лекарите ги уверуваат дека не можеле да сторат ништо затоа што нивниот син не покажувал знаци на болеста.
„Светот е многу поинакво место без него“, рекла мајката на Арчи.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во …