Почина Ѓоко Дончев – доајенот на македонската фолк песна

Ненадејно згасна еден од најубавите гласови на домашната музичка сцена, Ѓоко Дончев, кој важеше за еден од доајените на македонската народна музика.

На сцената беше активен повеќе од 25. години а со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика.
Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.
Ѓоко Дончев е роден на 2.5.1949 година во Валандово, а почина во Скопје на 15.1.2021.
Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар.
Погребот ќе се одржи на 17.1.2021, на градските гробишта во Бутел.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доктор тврди дека знакот дека имате дијабетес се гледа во очите

Неколку стотици илјади Македонци имаат дијабетес, а најчести симптоми се жед, замор, почести посети на …