Доведете ја линијата до совршенство: Диетата на др. Орниш со години е популарна во светот!

Диета која не бара многу жртва.
Празниците завршија и сега е вистинското време за диета и доведување на вашата фигура до совршенство.
Имаме на располагање голем избор на диети, но дефинитивно е најдобро да изгубите тежина на здрав начин и постепено. Оваа диета е креирана од д-р Орниш и е здрав начин за слабеење.
Покрај убавиот изглед, оваа диета има корисен ефект и врз здравјето на срцето.

Принципи на диетата на д-р Орниш
Диетата во текот на денот треба да се состои од 70 проценти протеини, 20 проценти јаглехидрати и 10 проценти маснотии. Нема потреба да броите калории, намалениот внес на маснотии сам ќе го започне процесот на разградување на маснотиите.

Следете ги овие правила:
Јадете ги сите видови мешунки, овошје, житарки и зеленчук што брзо ќе ве заситат.
Користете млечни производи со минимален процент на маснотии или користете соодветни замени. Само 10 проценти од калориите во вашата исхрана треба да доаѓаат од маснотии.
Избегнувајте месо, црвено и бело, масла и сите производи што го содржат, вклучувајќи авокадо, ореви, производи од полномасно млеко и шеќер.


Пронајдете извор на протеини во морска храна.
Ослободете се од лошите навики како пушењето и намалете ја употребата на алкохол.
Јадете помали оброци, но почесто и на тој начин нема да чувствувате глад.
Покрај оваа диета, се препорачува и воведување на физичка активност. Најдобро е да вежбате 3 пати неделно.


Пример за мени:
Појадок: Овесна каша со јогурт со малку маснотии и сок од портокал.
Ручек: печен компир полнет со посно свежо сирење со спанаќ и салата од брокула или компир со диетален прелив и свежа зелена салата.
Вечера: Салата, интегрални тестенини и овошје за десерт.
Забелешка: Не е препорачливо оваа диета да ја држите подолг временски период, поради малиот процент на маснотии што се внесуваат во организмот.
Консултирајте се со лекар пред да започнете каква било диета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Принцот Хари открил што мисли за серијата „Круна“ – би можеле да се изненадите!

Принцот Хари му дал интервју на Џејмс Корден и сега сите светски медиуми зујат за …