Уште од моментот кога се појави трејлерот за филмот „Амонити“, целиот свет не престанува да зборува за секс сцените на оскаровката Кејт Винслет и нејзината помлада колешка Саоризе Ронан. Винслет за американските медиуми изјави дека не ја разбира причината за драмата и дека и било невообичаено пријатно да биде гола пред камерата.
„Зошто тоа не се нарекува само емотивна или секси сцена, а не лезбејска или геј сцена. Па, никој никогаш не рекол дека ‘Титаник’ е ‘хетеросексуална романса’, рекла Кејт.
Сцените за кои се зборува се од новиот филм на Френсис Ли „Амонити“, кој, според британската актерка, испитува имагинарен дел од животот на Мери Енинг, англиска палеонтолог која живеела во 19 век. Остварувањето не е биографско, ниту, според актерката, некако ја намалува важноста на оваа научничка.
Според сценариото, нејзиниот живот се менува кога ќе се сретне со богат собирач на фосили и неговата сопруга со која таа започнува интимна врска.
„За мене беше многу јасно дека обајцата се способни за прилично страсни моменти, а јас и Саориз сакавме да го покажеме тоа. И за мене, на возраст на која бев, се чувствував прилично одлично! Се сеќавам дека велев: Еве ме, на 43 години, стојам гола пред камерата. Како е можно тоа?! Се колнам, бев убедена дека завршив со сцени во кои има голотија. Но, јас се изненадив себе си колку добро се чувствував во врска со тоа. Ги имам сите лузни, стрии, постара сум, моето тело не е исто како пред 20 години“, рекла таа.
Фото: Принтскрин/