Видео за лесен начин за лупење варени јајца за само неколку секунди станало вирално на социјалните мрежи, а овој трик воодушеви милиони луѓе.
Видеото што од вчера го гледаа повеќе од 2 милиони луѓе на „ТикТок“, покажува како жена едноставно лупи тврдо варено јајце – со чаша. Откако ќе ги сварите јајцата, сè што треба да направите е да ги ставите во празна чаша и добро да се протресат неколку секунди.
После тоа, јајцето едноставно ќе се лизне од лушпата.
@rujinakhaledPerfectly peeled boiled eggs 🥚 ##lifehack ##stitch ##fy ##foodtiktok
„Ова менува сè“, „Совршено“, „Ова ќе го смени мојот живот“, напишале корисниците на „ТикТок“.
Снимката од сличен трик стана вирална на почетокот на минатата година, но на тоа видео, една жена додаде ладна вода во празната чаша пред да ја тресе, а јајцето исто така само се лизна. Минатиот мај, хит стана генијален трик за лупење јајца со дување во нив.
Фото: Принтскрин/TikTok