(ВИДЕО) Навивач  разговарал со Ѓоковиќ, не го спречила ниту полицијата!

Новак Ѓоковиќ е принуден да се придржува до ригорозните мерки за карантин во Австралија, а еден досетлив навивач нашол начин да разговара со него.
Новак е на првиот кат во хотел во Австралија, го обезбедува полицијата, а еден навивач, од голема одалеченост, успеал со малку довикување да си направи муабет со најдобриот играч на светот.
Полицијата го предупреди господинот желен за муабет а потоа се појавил Новак Ѓоковиќ и со неговиот „амин“ дека сè е во ред, полицијата можела да замине.
За тоа време, Доминик Тим напорно тренирал на лентата, а симпатичниот господин ќе има убаво сеќавање од средбата со Новак.
Се покажало дека австралиските медиуми ја овековечиле средбата.
Патем, Новак ќе мора да поминува дури 19 часа на ден во ова сместување, а ќе може да излезе на само 5. часа и тоа за тренинг.

Фото:Twitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

СРЦЕТО НА ИЗДРЖАЛО – Починал Алфредо Кинтана

Порто потврдил дека познатиот голман Алфредо Квинтана починал. Португалскиот голман Алфредо Квинтана претрпел срцев удар …