(ВИДЕО+ФОТО) Новак Ѓоковиќ е во карантин во Аделаида: Погледнете каде ќе мора да престојува 19. часа дневно!

Најдобрите тенисери кои ќе учествуваат на Австралија Опен веќе пристигнаа во земјата, но најдобрите (Ѓоковиќ, Серена Вилијамс, Рафаел Надал…) не се во Мелбурн туку во карантин во Аделаида затоа што така решија организаторите, иако другите тенисери негодуваа.

Но, за најдобрите тоа и не е некое олеснување бидејќи се во друга сојузна држава и откако ќе ги минат 14. дена во карантин (како и сите други) би можеле да имаат проблем во патувањето за Мелбурн (кој е во друга сојузна држава) бидејќи во Австралија секоја држава си има свои правила за патување порад коронавирусот.


Првиот тенисер на светот прво ќе учествува на егзибиција од 29 до 30 јануари пред почетокот на сезоната и австралиските турнири, АТП купот од 1. до 5. февруари и Австралија опен од 8. до 21. февруари.


Она што во Австралија го привлекло вниманието на папараците, кои веќе се стационирале пред хотелот акде што се најдобрите тенисери итенисерки, е она што Ѓоковиќ го направил пред „дури и да се распакува“.

Ги обесил реквизитите на рачката на прозорецот, почнал да се истегнува – и потоа тренирал.


Папараците од Австралија го снимиле Новак како престојува во еден од хотелите во Аделаида, каде Рафаел Надал исто тала ќе престојува, заедно со најдобрите тенисери во светот и екипите на сите тие играчи.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

СРЦЕТО НА ИЗДРЖАЛО – Починал Алфредо Кинтана

Порто потврдил дека познатиот голман Алфредо Квинтана починал. Португалскиот голман Алфредо Квинтана претрпел срцев удар …