(ВИДЕО+ФОТО) НАЈДОЛГ ХОТЕЛ НА СВЕТОТ – Напуштеното одморалиште на Хитлер е нова туристичка атракција

Комплексот „Сила преку одмор“ на Хитлер на островот Реген, долг пет километри и дизајниран да прими 20.000 луѓе истовремено, никогаш не бил отворен поради избувнувањето на Втората светска војна, а зградите биле користени за воени цели, најпрво во рајхот на Хитлер, а потоа и во ГДР.
Според Дојче веле, комплексот „Колос од Прор“ е изграден по налог на Адолф Хитлер во 30-тите години на минатиот век од нацистичкиот архитект Клеменс Клотц.По падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија, комплексот добил статус на историски споменик во кој се вселиле уметнички студија и музеи, пишува ДВ и додава дека најголемиот дел од најдолгиот комплекс се расипал.


Кога новинарката на Дојче Веле била таму во 2005 година, комплексот изгледал како урнатина, сепак, во 2018 година, комплексот наречен „“Prora Solitaire“ станал одморалиште.Како што опишала таа, блокот II од тој комплекс сега е обоен во бело, а балконите се во стакло и во тој дел има луксузен хотел.
„Денес тука можете да изнајмите велосипед, а има и фризерски салон, бутик, неколку кафулиња, ресторани и пекара. Постои и центар за документација каде што можете да ја видите Prora од 2004 година. Многу туристи се интересираат токму за тоа“, навела новинарката.
Таа додала дека другите делови на колосот се претежно големи градилишта, а планот е да се отворат супермаркет и лекарска канцеларија.


Од 2018 година, „Прора“ официјално станали одморалиште. Во моментов, постои сомнеж дали минатото на објектот ќе влијае на намалениот интерес за купување, или дали ова ќе стане само уште еден луксузен комплекс за многу богати туристи.
Овој хотел содржи 10.000 соби. Комплексот има и хотел, младински хостел, спа центар, продавници со луксузна стока и ресторани.
Во буковата шума на островот Реген има глетка во облик на око што се отворил во 2013 година. Во летото 2016 година, центарот веќе бил во можност да го пречека својот милионити посетител.

Фото: Принтскрин/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОВТОРНО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Епицентарот близу Дубровик – се тресело тлото и во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е забележан синоќа, на границата на БИХ …