БРОЈКИТЕ СЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ! Огромен број заштитни маски завршил во океаните – УМИРААТ МИЛИОНИ ЖИВОТНИ!

Извештајот дава застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата, а со оглед на количината на маски што завршиле во нив, тоа е голем проблем.
Во текот на 2020 година се произведени околу 52 милијарди парчиња заштитни маски за лице, а се проценува дека 1,56 милијарди парчиња завршиле во океаните, според податоците на групата „Oceans Asia“.
Исто така, во извештајот се наведува дека околу 3 проценти од произведените 52 милијарди маски ќе завршат во нашите води. Овие се загрижувачки бројки, бидејќи пластичниот отпад убива околу 100.000 морски цицачи и желки, повеќе од милион морски птици и многу повеќе риби, безрбетници и други морски суштества годишно.
Проценето е дека се потребни дури 450. години за да се распадне пластична маска.

Пластичниот отпад влијае не само на морскиот живот, туку и на крајбрежните заедници, риболовот и економијата.
Пластичниот отпад драстично се зголемил во текот на изминатата година, поради пандемијата на коронавирусот, поради обврската за употреба на заштитни маски и ракавици, и тоа ќе има негативно влијание врз природата.
„Маските за еднократна употреба се изработени од различни видови пластика и тешко се рециклираат поради нивниот состав, ризик од контаминација и инфекција. Овие маски завршуваат во океаните кога ќе бидат отфрлени и кога системот за управување со отпад не е соодветен, кога е преоптоварен и дали воопшто постои“,се наведува во извештајот.
Авторите на извештајот наведуваат дека постојат решенија што ќе го минимизираат влијанието на пластичниот отпад. Меѓу нив има и маски за повеќекратна употреба кои се направени од материјали што можат да се рециклираат. Во секој случај, потребно е маските и ракавиците да се фрлаат на соодветен начин. Исто така е важно да се избегне пластично пакување и да се изберат еколошки алтернативи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Ocean 💙 (@ocean)

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 25.02.2021: Близнаците најсигурни во семејството, Лавот во дилема, Стрелецот слободно може да се препушти на љубовната инспирација…

Овен Љубов: Емотивните дилеми не треба да се продлабочуваат со погрешни одговори, партнерот очекува да …