Јак земјотрес во централна Хрватска – се тресел и Загреб!

ЕМСЦ известува дека ова е 26. земјотрес што се почувствувал во Хрватска во изминатите 72. часа
Нов земјотрес го погоди подрачјето на Сисачко-мословачка жупанија.
Според сеизмолошкиот центар EMSC, бил со јачина од 4,1 степени и длабочина од 10 километри.
Епицентарот бил на 17. километри од Петриња.


EMSC известува дека тој е 26-тиот земјотрес што се почувствувал во Хрватска во изминатите 72. часа, а хрватските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град Загреб.
Централна Хрватска беше погодена од разорни земјотреси во декември, а особено тешко погодени беа Петриња, Глина, Сисак и околните села.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …