(ФОТО) Музичарот кој бил избоден од родениот татко се јавил од болница: „Му простувам!“

Диџејот Џозеф Капријати неколку дена по веста дека завршил во болница со повреди опасни по животот, откако бил прободен од неговиот татко, се огласил на Инстаграм.
Според италијанските медиуми, Капријати (33), кој престојувал со татко му и мајка му во Италија за време на пандемијата, завршил во болница со опасни по живот повреди, а неговиот татко бил уапсен за обид за убиство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joseph Capriati (@josephcapriati)

Според „Ла Република“, таткото по расправија го прободел својот син со кујнски нож, во градите.
Капријати сега се огласи на Инстаграм и, заедно со фотографија од болницата, напишал обемна објава во која се наведува дека „најлошото минало“ и дека му простува на својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joseph Capriati (@josephcapriati)

“Фала му на Бога, жив сум. Благодарам на сите што ме поддржаа, трогнат сум. Сè уште не успеав да ги читам пораките и да одговарам на нив, но тоа ќе го сторам за неколку дена кога ќе се опоравам. Немав сила да зборувам до утрово, но докторите велат дека најлошото заврши. Само би ве замолил да покажете малку почит кон татко ми и моето семејство, бидејќи ниту јас, ниту некој од вас немаме право да судиме. Му простувам на татко ми за лудата постапка и се молам за него“, порачал тој.
Капријати нормално живее во Шпанија, но за време на пандемијата со неговите родители бил во Италија.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОСТАПИЛ КАКО СЕКОЈ ТАТКО – ПРИНЦОТ ХАРИ КОНЕЧНО ОТКРИЛ ЗОШТО ГО НАПУШТИЛ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: „Морав да го спасам семејството!“

Принцот Хари гостувал во емисијата на славниот актер и комичар Џејмс Корден, а по тој …