(ФОТО) Еротски графити ја открива најголемата забранета љубов во антички Египет

Откривањето на еден графит со секс сцена во египетски гробници во Долината на кралевите повторно ја започнало приказната за големата љубов на првата сопруга на фараонот – кралицата Хатшепсут и нејзиниот сакан Сененмет, најголемиот архитект за неговото време.
Долго време се шпекулирало дали славната египетска кралица Хатшепсут и нејзината десна рака Сененемут биле вљубени или не.
Хатшепсут била првата и единствена кралица која се осмелила да се прогласи себеси за фараон. Се облекувала и се однесувала како маж за да заработи почит откако дошла на тронот. За време на 22. години владеење во 15 век п.н.е., таа ја вовела државата во златното време на мирот и просперитетот. Нејзиното име било непознато подолго време, бидејќи нејзиниот наследник се обидел да ја уништи секоја трага од неа, но денес знаеме дека Хатшепсут е светла точка во историјата на Египет, зад која остана чудесен погребен храм во Долината на кралевите.

А во близина на тој храм од нејзиното време, има прилично безобразен графит – слика на секс помеѓу две лица за кои се претпоставува дека се Хатшепсут и најмоќниот човек на нејзиниот двор – Сенемут.

Кога археолозите ги ископале гробниците над нејзиниот храм, нашле графити на кои, според некои, јасно се гледа кој е главниот во односите помеѓу Хатшепсут и Сенемут. Можно е да го нацртале работници кои ги граделе храмовите. Машката фигура на графитите физички наликува на Сененмут, а другата е личност која има сексуални карактеристики на жена, и носи ознаки на маж на главата, што го правела Хетхепсут.
И иако нема убедлив доказ дека ова се навистина тие двајца, графитите повторно ја отворија приказната за необичната љубов. Имено, фигурата на Сенемут се појавува неколку пати на sидовите на нејзиниот спомен храм во близина на Луксор, па дури и во светилиштето, на место каде што не може да се види кога ќе се отвори вратата. А без дозвола на кралицата, тоа не можело да се направи. Исто така, неговиот саркофаг е направен да биде пар со нејзиниот. Згора на сето тоа, нема ни трага од семејството на Сененмут, за тоа дека имал жена и деца, а елитата во антички Египет обично се венчавала. Оттука произлегуваат шпекулациите дека Хатшепсут го сакала Сененмут само за себе и дека тврдењата дека тој е хомосексуалец се помалку веројатни.

Сененмут најверојатно бил човек кој се издигнал од ништо, дошол на дворот и станал потпора на единствената жена фараон. Се верува дека тој бил 20 години постар од неа. Од мало село во близина на Тебе, тој некако дошол на местото надзорник на собите каде кралот и кралицата примале гости, пишуваат на страницата Not so Innocents abroad. Наскоро бил унапреден, се збогатил и стекнал авторитет, контролирал финансии и бил прв министер. Сененмут исто така бил одговорен за приватните комори на кралицата, тој бил воспитувач на нејзината ќерка Неферура, па дури се шушкаше дека таа е нивна заедничка ќерка.

Трагови за Сенемут исто така ни кажуваат дека тој бил истоштен човек, со изразен нос и брчки околу устата, но тој и бил многу мил на кралицата. Дури и да беа заедно, или не, тој без сомнение сакал да биде близу до неа, дури и по нејзината смрт. Неговиот гроб е изграден на рид со поглед кон прекрасната палата на кралицата Хатшепсут, но тој сакал да биде погребан во посебна гробница близу до неа. Ова претходно им било дозволено само на членовите на кралското семејство. Податоците велат дека Сененмут живеел дури 20 години по нејзината смрт, но се верува дека тој мистериозно исчезнал од дворот наскоро откако кралицата починала, а нејзиниот наследник Тутмосе Трети се обидел да ги избрише сите траги за неа.
Близок до неа, Сененмут добил и бројни непријатели, па неговиот гроб со целата мумија и саркофаг биле сериозно оштетени. И тоа било најлошото нешто што можело да му се случи на еден човек во антички Египет – неговиот дух не можел да помине во задгробниот живот, туку е оставен да талка засекогаш сам и без ништо.

Фото: Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО – Има 16. деца: „Сопругот ме убеди, јас во почетокот воопшто не сакав деца!“

Вкупно била бремена 23. пати, но некои бремености завршиле со спонтан абортус. Кога почнале да …