(ФОТО) Еден од најславните илузионисти починал осум месеци после својот долгогодишен партнер

Илузионистот со германско потекло Зигфрид Фишбахер, втор член на волшебното дуо „Зигфрид и Рој“, почина во средата вечерта во неговиот дом во Лас Вегас од рак, се дознава од неговиот агент во четвртокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MORE FOX5 (@morefox5)

Зигфрид почина на 81-годишна возраст, осум месеци откако неговиот партнер Рој, кој почина во мај на 75-годишна возраст од компликации поврзани со ковид-19, исто така во Лас Вегас, рекол нивниот агент Дејв Кирвин во изјавата.
Во светската престолнина на коцкање и блескави забави, тие двајца се познати многу години благодарение на нивните настапи со диви животни – бели тигри и слонови – кои исчезнаа и повторно се појавија според нивната волја пред зачудената публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The MJCast (@themjcast)

Зигфрид и Рој ја започнаа својата кариера во 1967. година во вариетеа во Лас Вегас, а во 1980-тите станаа светски sвезди благодарение на нивните необични настапи. Белите тигри се нивна заштитена марка и со нив настапуваа скоро секоја вечер од 1990. година во преполна сала во славниот хотел Казино Мираж, тогаш најголемиот во Лас Вегас.
Зигфрид, роден во Розенхајм, Баварија, во 1939. година, ја открил својата склоност кон илузијата како дете, кога како осумгодишно момче во продавница наишол на книга за магионичарски вештини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Off [& On] The Strip (@offthestrip)

Кон крајот на 1950-тите, тој се сретнал со Рој Хорн на крстарење и токму тогаш тие одлучиле да изведат точки заедно со егзотични животни, прво во Европа, а потоа во Лас Вегас. Тие се забележани во Париз и после тоа добиваат билет за светската престолнина на игрите на среќа.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во …