Си-Ен-Ен се „налутиле“ на првата дама: Меланија со еден удар забила прст во окото на противниците на Трамп!

Во последните денови од претседателствувањето на Доналд Трамп, како што пренесува Си-Ен-Ен, првата дама Меланија Трамп „не сторила ништо значајно“ за да и помогне на вселувањето на новата прва дама Џил Бајден.
Извор за Си-Ен-Ен изјавил дека Трамп сè уште нема воспоставено контакт со Бајден, потег што ја крши традицијата на непречена транзиција на власта.
Доналд Трамп исто така најавил дека нема да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден и Камала Харис следната недела, што е уште еден прекин на традицијата.

Си-Ен-Ен објавил дека твитот на Трамп со кој го известува светот дека нема да присуствува на церемонијата било прв пат неговата сопруга да слушне за планот – бидејќи како што изјавил претставник на Белата куќа, Меланија Трамп не била стопроцентна сигурна дали ќе оди или не на инаугурацијата на Бајден.

„Не е прв пат таа да дознае што прави тој затоа што тоа го објавил на Твитер пред да и каже“, рекол изворот.
„Никогаш не постоела толку тврдоглава и пркосна прва дама како Меланија Трамп“, изјавила за Си-Ен-Ен Кејт Андерсен Броуер, автор на „Првите жени: благодатта и моќта на современите американски први дами“.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Кирил Лазаров стартуваше во новата улога: „Подготвен сум и среќен за овој предизвик“

Најмладиот ракометен селектор во нашата историја, Кирил Лазаров ги пречека своите избраници со кои во …