Имале хармоничен и семеен живот.
Неразделната двојка ја изгубила битката со вирусот корона за само неколку дена. 75-годишната Су Шаик починала во болница на 29. декември, а нејзиниот сопруг Басим Шаик го загубил животот во нивната куќа во Лондон на 2. јануари.
Нивната ќерка Каролина (43) рекла: „Мислам дека татко ми знаеше дека мајка ми починала и дека тој само ‘се откажал’. На некој начин, благослов е што тие починаа со разлика од неколку дена, бидејќи не можам да замислам како мајка ми ќе се справеше без љубовта на нејзиниот живот. Тие беа неразделни, два зрна грашок во мешунка, кои не можеа да живеат еден без друг“.
Двојката живеела во Вустершир поголемиот дел од својот живот, но се преселиле во Кенсингтон, Лондон пред пет години, за да бидат близу до своите деца и внуци.
Сју починала во болницата на 29. декември, а Басим починал во нивниот стан во Кенсингтон на 2 јануари. Басим бил Ирачанец кој избегал како тинејџер од земјата за да избегне верски прогон бидејќи тој и неговите девет браќа и сестри биле од истакнато католичко семејство. Тој ја запознал Сју додека бил на докторски студии по машинство на универзитетот во Бирмингем, каде што таа била секретарка.
Каролина рекла дека нејзината мајка отишла во болница во Лондон непосредно пред Божиќ откако го добила вирусот корона и починала после една недела.
Нејзиниот татко бил дома исто така затоа што имал терминален тумор на мозокот и не му било кажано за смртта на неговата сопруга.
„Моите родители беа навистина внимателни и не излегуваа од дома четири месеци – освен посетата на татко ми во болница поради неговиот тумор на мозокот“, рекла таа.
„Искрено мислевме дека мајка ми ќе се извлече од тоа, но на крајот, бидејќи имаше дијабетес тип 2, ковидот ја победи и почина за една недела. Бидејќи татко ми беше многу болен, решивме веднаш да не му кажеме дека починала, но некако тој знаеше дека ја нема. Тој ни рече: ‘Неа ја нема, нели?’. А потоа почина неколку дена подоцна“, рекла Каролина.
Фото: Принтскрин/youtube