(ВИДЕО) Го исполнила своето ветување – Мемоарите на полусестрата на Меган Маркл ги откриваат сите тајни: Светот на нозе, војвотката од Сасекс врие од бес!

Полусестрата на војвотката од Сасекс ги открива тајните на семејството Маркл на над 300. страници, сè за нивната раскината врска, но и за односите во кралското семејство
Саманта Маркл (56), полусестра на Меган Маркл (39), ги завршила своите бомбастични мемоари „Дневник на агресивната полусестра на принцезара, прв дел“, што деновиве ќе излезе во Америка.
Саманта веќе неколку пати најавуваше дека целосно ќе ја разоткрие нејзината сестра, но и британското кралско семејство, а пред четири години започнала да пишува мемоари што ќе откријат многу детали непознати за јавноста.

Според извори блиски на војвотката од Сасекс, таа нестрпливо го чека објавувањето на мемоарите на Саманта Маркл, која со интервјуа со години ја навредуваше својата полусестра.

                                                                                                   Саманта Маркл

Меган наводно е многу вознемирена, што е оправдано, но, од друга страна, немала намера да и покаже на јавноста дека тоа и пречи.
Книгата е најавена со многу интригантен опис:
„Работите не се секогаш како што изгледаат во свет каде социјалните етикети дефинираат кои сме, како живееме и како се гледаме едни со други“.
Покрај тоа, велат тие, самата авторка се најде ‘фатена’ во медиумски хаос откако открила скриени тајни за нејзиното семејство.
Меган претходно рекла дека се што тврди Саманта е апсурдно.
Да потсетиме, Саманта и Меган последен пат се виделе во 2008. година. Саманта и открила на Меган дека има намера да напише книга во 2016. година, кога во јавноста се појави врската на војвотката од Сасекс со принцот Хари.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОСТАПИЛ КАКО СЕКОЈ ТАТКО – ПРИНЦОТ ХАРИ КОНЕЧНО ОТКРИЛ ЗОШТО ГО НАПУШТИЛ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: „Морав да го спасам семејството!“

Принцот Хари гостувал во емисијата на славниот актер и комичар Џејмс Корден, а по тој …