(ВИДЕО+ФОТО) Хирург споредил бели дробови после ковид со оние на пушач: Погледнете ги разликите!

Д-р Британи Банкхед Кендал, британски хирург, тврди дека белите дробови на лицето кое имало ковид изгледаат полошо од белите дробови на многу пушачи. Таа е исто така професор на Универзитетот во Тексас, но лекува луѓе од почетокот на пандемијата.
Д-р Банкхед Кендал објавила три рендгенски снимки на бели дробови: една од здрав пациент, една од пушач и една од пациент со ковид 19.
Таа рекла дека рентгенските зраци на белите дробови на пушачот биле малку заматени, но белите дробови на пациентите со коронавирус биле скоро целосно бели – тие покажуваат интензивни лузни и недостаток на воздух.
„Јас знам дека никој не сака да го слушне тоа, но белите дробови после ковид изгледаат полошо од сите страшни бели дробови на пушачи што некогаш сме ги виделе. Тие пропаѓаат,се згрутчуваат, а останува отежнато дишење“, твитнала докторката.

Ренгенот на здрав пациент покажува голема количина црн простор, што значи дека лицето е во состојба да вдише голема количина на воздух.


Но, рентгенот на пушачот покажува бели линии и замагленост, што укажува на воспаление и оштетување на ѕидовите на белите дробови и алвеолите.


Конечно, рентгенот на белите дробови на лицето кое имало ковид 19 е скоро целосно бело, што обично значи дека белите дробови се полни со течност, бактерии или клетки на имунолошкиот систем. Тоа исто така значи дека пациентот не е во можност да внесе онолку кислород колку што може нормално, со здрави бели дробови.


Д-р Банкхед Кендал верува дека сега сите се загрижени за стапката на смртност од ковид 19, но и дека последиците за преживеаните пациенти се исто така голема загриженост.
„Сите се толку загрижени за смртноста и тоа е страшно и ужасно. Но, сите преживеани, како и луѓето кои биле позитивни на тестот, тие ќе бидат проблем“, смета хирургот.
Д-р Кендал рекла дека секој пациент кој покажал симптоми на вирус имал неповолен рендген. Дури и кај оние кои се асимптоматски, меѓу 70. и 80. проценти имаат лошо скенирање на белите дробови, тврди хирургот.
„Секогаш има луѓе кои велат:’Добро сум, немам никакви проблеми’, а вие правите рентген на градите и тие имаат апсолутно лоша слика“, истакнува таа.

Коронавирусот често доведува до компликации како што е пневмонија, која се јавува кога белите дробови се полнат со течност и се воспалуваат. Кога белите дробови не можат да внесат доволно кислород, тоа доведува до симптоми како што се кашлање и отежнато дишење.
Некои луѓе се борат со трајно оштетување на белите дробови или лузни дури и по закрепнувањето, но тоа не е случај со сите пациенти.

Фото:Принтскрин/Тwitter/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО – Има 16. деца: „Сопругот ме убеди, јас во почетокот воопшто не сакав деца!“

Вкупно била бремена 23. пати, но некои бремености завршиле со спонтан абортус. Кога почнале да …