(ВИДЕО+ФОТО) БЕСНИ ГРАЃАНИ ГО ВРЗАЛЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА ДРВО: Им давал разни ветувања, а кога не ги исполнил го дочекала казна!

Градоначалникот на мексиканскиот град Фронтера Комалапа, Оскар Рамирез, бил врзан,со јаже, за дрво од лутите локални жители.
Имено, инцидентот се случил додека Рамирез и презентирал на јавноста „серија проекти“ што претходно им ги ветил на локалното население, меѓутоа, претставници на 11. општини го опколиле и соочиле со бројни проблеми.
Како што наведуваат, тие се многу незадоволни затоа што проблемот со водата за пиење не е решен.

„Тој ни вети дека ќе има пристојна работа за луѓето во Комалапа, но сè беше „лага“ затоа што водоводот не работи добро. Тоа е голем проблем што мора да се реши на вистински начин и мора да биде приоритет во овој мандат, бидејќи тој дојде во нашите куќи и ни го вети тоа, а сега не се согласува на тоа“, рекол еден локален жител.

Од друга страна, Рамирез во изјавата посочил дека имал средба со претставниците на општините, но не спомнал врзување за дрво.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Дневен хороскоп за недела, 07.03.2021: Бикот да ги смири страстите да не предизвика проблеми, Девицата тргнува во акција на освојување – ќе заведува, Јарецот пред возбудлива емотивна игра…

Овен Љубов: Подобро е да ги стишите вашите зовриени страсти отколку да го провоцирате саканото …