Ако е една маска добра – дали две се подобри?

Маските станаа нешто без кое не ја напуштаме куќата. Знаеме дека тие обезбедуваат одлична заштита од коронавирус, но дали е доволно само една, или сепак треба да носиме два?
Не секој мора да носи две маски – но науката ни кажува дека тие се многу ефикасна заштита.
„Повеќе слоеви ја зголемуваат ефективноста на блокирање на вирусот во влегување или излегување од дишните патишта“, изјави за NY Times д-р Линда Мар, вирусолог од Универзитетот во Вирџинија
Секако, има и лоша страна: во одреден момент ќе ви биде тешко да дишете, но поголемиот дел од времето ќе можете да функционирате нормално, тврди Мар.

Таа препорачува да се носи платнена маска, и хируршка маска над неа, која подобро филтрира, но често лабаво се прицврстува на лицето. Исто така, маските што се врзани за задниот дел од главата ќе стојат поцврсто на место од оние што се прицврстени на ушите, а исто така помага и доколку имате нешто да ја прицврстите маската на носот.
И покрај фактот дека конечно имаме вакцини против ковид 19, маските ќе останат неопходни уште некое време. Многу студии ја потврдија нивната ефикасност во заштитата од вирусот – на пример, студија од Бостон покажа дека стапката на заразени лекари нагло паднала кога маските станале задолжителни во болницата – на почетокот на пандемијата.

Истражувањето на вирусологот Мар ја докажа ефективноста на маските на микроскопско ниво. Бидејќи коронавирусот се пренесува преку капки, маските логично го блокираат влезот на вирусот во нашите дишни патишта, бидејќи тие првенствено ги штитат носот и устата.
Маската мора да пропушти воздух, но и да ги запре честичките на вирусот. Експериментите покажале дека дури и обична платнена маска, или хируршка, покажува ефикасност од 50 проценти во блокирање на вирусот. Исто така, маските ги штитат луѓето околу вас повеќе отколку што се заштитувате себеси.
„Тоа е затоа што вирусот застанува на својот извор“, објаснува д-р Мар.
Најдобриот вид маска е сè уште N95, што е многу ефикасно во филтрирањето на штетните надворешни фактори. Сепак, во многу земји има недостаток на овие маски за здравствените работници, на кои би им биле најкорисни.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО – Има 16. деца: „Сопругот ме убеди, јас во почетокот воопшто не сакав деца!“

Вкупно била бремена 23. пати, но некои бремености завршиле со спонтан абортус. Кога почнале да …