Љубовни приказни кои ќе ве разнежнат

Мајки и татковци и баби и дедовци секогаш се чини дека имаат некако повеќе романтични приказни отколку помладите генерации. Се прашуваме како ќе изгледаат приказни за романсите што започнаа преку Тиндер еден ден. До тогаш, уживајте во овие старомодни приказни за големи љубови.
Мајка ми беше воена вдовица со две мали ќерки. Татко ми беше дадилка за да може да излегува со неговиот добар пријател. Се покажа дека дадилката повеќе и се допаѓа, а чувствата биле меѓусебни


Баба ми често пеела на балконот, а дедо ми често поминувал на враќање од факултет и така тие се вљубиле и се венчале.


Моите родители се сретнале во полн автобус кога тато и рекол на мама дека може да седи во неговиот скут, а таа го послушала.

Моите роднини се сретнале кога откриле дека нивните тогашни сопружници ги изневеруваат еден со друг. Сега тие се во брак повеќе од 40 години.

Дедо ми ја запросил баба ми во второ одделение и продолжи да го прави тоа сè додека не се согласила.

Баба ми имала три сестри и дедо ми дошол да ја види нејзината постара сестра, но таа го одбила. Баба тогаш рекла: „Па ако ти не го сакаш…” Тие започнале да се забавуваат и во брак се повеќе од 60 години


Мајка ми и татко ми беа во врска со други луѓе. Четворицата се запознале и станале пријатели. Наскоро станало очигледно дека двојките треба да бидат заменети, што на крајот се случило. Двата пара се венчале и сè уште се среќни заедно.

Моите родители се запознале на свадба на која сите зборувале шпански, па мама мислела дека тато зборува само шпански, па таа поминала неколку месеци обидувајќи се да комуницира со него на шпански за конечно да сфати дека тој совршено зборува англиски .

Татко ми всушност дошол по тетка ми, но таа не го сакала, на што баба му рече: „Чекај, имаме уште шест, што ќе и кажеш на оваа“ и ја турнала мајка ми кон него. Останатото е историја.

Тетка ми работела во текстилната индустрија, која произведуваше воени униформи. Таа еднаш напишала кратка порака со нејзините детали и ја зашила во џебот на воената кошула. Војникот одговорил, тие се допишувале и сега се во брак 60. години.

Баба ми го запознала дедо ми испраќајќи писма до далечен роднина со исто име кој бил во баталјон во Втората светска војна, а писмата дошле до погрешно лице. Тој ја молеше да продолжи да му пишува затоа што нема семејство да му пишува. И решила заради него дека сепак да не стане монахиња.

Баба ми го запознала дедо ми затоа што тој бил тој што и помогнал да се прошверцува од земјата за време на Втората светска војна, па и двајцата дошле во Америка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Четири ПРИРОДНИ состојки кои ја намалуваат видливоста на ИРИТАНТНИТЕ СТРИИ

За жал, повеќето жени не можат да избегнат стрии, поради различни животни околности, и тие …