ЈА СЛАВИМЕ АМЕРИКА ВО ТРАЕЊЕ ОД 90 МИНУТИ: Том Хенкс ќе ја води церемонијата на инаугурацијата на Џо Бајден

Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на празнична програма на 20. јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на овој настан.
Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс.

Бајден и потпретседателот Камала Харис тој ден ќе положат свечена заклетва и ќе одржат воведен говор на церемонијата.
Програмата ќе се емитува на CBS, ABC, CNN, NBC, MSNBC и ќе се емитува на YouTube, Facebook, Twitter и некои други онлајн платформи.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дејвид Атенборо ќе го претставува народот на самитот за климатските промени

Познатиот британски водител, Дејвид Атенборо, е именуван за „народен претставник“ на глобалниот самит за климатски …