(ФОТО) Шокантно признание на славната глумица:„Бев киднапирана!“

Популарната комичарка и актерка Ребел Вилсон најпрво ја изненади јавноста со својата неверојатна трансформација, при што изгуби дури 18 килограми, а сега повторно е во центарот на вниманието поради шокантното признание дека била жртва на киднапираер за време на патувањето во Африка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Актерката тогаш открила дека била жртва на вооружено киднапирање, раскажувајќи накратко што точно се случило со неа и групата жени со кои била на тоа патување, како и како завршила целата ситуација.
„Ме киднапираа во Африка. Беше во руралниот дел на Мозамбик. Неколку жени и јас возевме камион кога луѓето дојдоа кај нас со друг камион полн со оружје“, изјавила актерката за Sky Original Straight Talking.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Застанаа покрај нас со големи пушки и ни наредија веднаш да излеземе од нашето возило. Потоа не одведоа во една напуштена куќа. Тогаш сфатив дека добро се справувам во кризни ситуации затоа што се однесував како водач на тимот. Кога не оставија сами, им реков на другите девојки да се држат за раце бидејќи се плашев дека можат да земат некоја од нас во текот на ноќта и да и направат нешто“, додала актерката.
На крајот, никој не бил повреден, а киднапираните девојки беа ослободени следното утро. Актерката е убедена дека со нивниот камион шверцувале илегални супстанции преку границата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„За среќа, не бевме повредени, а мажите дојдоа следниот ден и рекоа:’Вашиот камион е подготвен сега. Можете да си одите’. Не поставивме никакви прашања, но се качивме на камионот и брзо ја напуштивме локацијата, а неколку часа подоцна ја поминавме јужноафриканската граница. Мислам дека можеби овие момци нè користеа за шверц на нелегални работи што ги криеја на дното на камионот“, заклучила актерката.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Добрите ефекти на лебот на организмот

Многу луѓе избегнуваат конзумирање леб, но изборот на правилен тип може да има позитивни ефекти …