УХМР најави снег во поголемиот дел од државата

Попладне ќе биде претежно облачно со локални врнежи од снег, кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови.
Во попладневните часови ни претстојат врнежи од снег,кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде, со тоа што во западните делови од земјата ќе бидат позастапени и пообилни, а на јужните подрачја ќе има врнежи и од дожд.
Времето денес (14.01.2021 год.): Претпладне променливо облачно и студено, во источните делови со подолги сончеви периоди. Попладне ќе биде претежно облачно со локални врнежи од снег, кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови. Само во крајните југоисточни подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.


Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од снег, при што се очекува да се формира помала снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Т = 3 °C, P = 973 hPa, U = 70 %, V = 3 m/s.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см): 31 Попова Шапка, 11 Битола, Крушево, 3 Маврови Анови, 2 Пожаране, Дебар, 1 Охрид, Претор.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2): 9 Битола, 6 Крушево, 4 Дебар, 3 Охрид, 2 Пожаране, Претор.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …