Нема смисла да купувате леб, да го оставите да се стврдне, да го фрлите и да купите нов. Освежете го тврдиот и сув леб на лесен начин и уживајте во крцкавата кора и меката средина, како штотуку да дошол од пекарницата
На сите им се случило барем еднаш да купат леб што потоа не го јадат. После ден-два станал премногу тврд и сега веќе е тежок за јадење. Но, постои лесен начин да се освежи стариот леб.
Постапката е едноставна и брза:
1. Натопете го лебот
Ставете го лебот под вода и оставете го млазот да тече нежно. Не е важно дали водата е студена или топла, само ставете го лебот под млазот и навлажнете ја кората. Направете го ова брзо за да ја задржите внатрешноста сува.
2. Печете леб
Загрејте ја рерната на 150 степени Целзиусови. Додека чекате, ставете го лебот директно на решетката. Ниската температура ќе ја загрее преостанатата вода во лебот, предизвикувајќи парење на лебот во кората. По пет минути, лебот треба лесно да се притисне.
Целта е да добиете леб што има крцкава кора и ви дава мал отпор при притискање. Во просек, лебот треба да се пече околу 15 минути, во зависност од големината на лебот и колку вода примил внатре при се натопил, пишува Reader’s Digest.
3. Уживајте во финиот топол леб
После оваа едноставна и кратка постапка, лебот е топол и крцкав, како самошто да сте го донеле од пекарница.