(Рецепт) Зимски детокс од само 2. состојки: Исчистете го телото од токсините и забрзајте го метаболизмот!

Празниците завршија. Време е за детоксикација
После сите празници и уживање во поголеми количини храна, колачи и солени деликатеси, време е да го детоксицирате организмот. Со помош на овој пијалок, ќе ја стимулирате работата на метаболизмот и ќе започнете да исфрлате токсини што се акумулирале во претходниот период. Овој пијалок се прави од само 2 состојки,


Ќе ви требаат следниве состојки:
Половина чаша ладен зелен чај
Половина лимон
Подготовка:
Исцедете го лимонот и измешајте го со зелен чај и пијалокот е подготвен.


Еве како овој пијалок влијае на телото:
Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај е состојка во скоро сите пијалоци за детоксикација. Има корисен ефект врз црниот дроб, а истражувањата докажаа дека помага во процесот на излачување на токсините.
Лимонот, покрај тоа што е богат со витамин Ц и е одличен за здравјето на целото тело, го стимулира ослободувањето на ензимите, но придобивките не застануваат тука. Лимонот содржи пектин (пребиотик) кој помага во намалување на шеќерот во крвта.
Ериоцитринот е антиоксиданс кој се наоѓа во сокот од лимонот и кората. Ериоцитринот во комбинација со други активни супстанции покажа ефект врз намалување на воспалението, оксидативен стрес и оптимизирање на нивото на шеќер во крвта.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …